24фудбал

Ван Парси го навлече гневот на фановите на Арсенал: Се враќам дома на Олд Трафорд

Поранешниот херој на „Топчиите“, Робин ван Перси одново го навлече гневот на фановите на Арсенал откако истакна дека се враќа дома за дуелот со Манчестер јунајтед во Лига Европа

Англија

Холанѓанецот по осум години поминати во Северен Лондон, во 2012 потпиша за лутиот ривал Манчестер јунајтед, потег кој не им се допадна на навивачите на Арсенал.

Робин ван Перси на Олд Трафорд помина само три години, во 2015 го напушти клубот откако имаше драстичен пад на формата по заминувањето на Сер Алекс Фергусон.

Напаѓачот сега се враќа во Манчестер, со неговиот Фенербахче гостува во натпревар од Лига Европа.

„Ова е специјален натпревар за мене – вели Холанѓанецот.

„Сега играм за Фенербахче, сакам да помогнам мојот тим да обезбеди добар резултат, но секако дека е специјално да играм дома (Олд Трафорд), одличен стадион со прекрасни фанови.

„Ќе ни биде тешко, Јунајтед е фаворит но никогаш не знаете што ќе се случи.