24фудбал

Хет-трик на Меси, Барселона убедлива против Манчестер Сити (ВИДЕО)

Барселона со 4-0 го победи Манчестер Сити, Меси е херојот на каталонскиот тим, хет-трик на Аргентинецот за голем триумф против тимот на Пеп Гвардиола.

Лига на Шампиони

Барселона убедливо со 4-0 го победи Манчестер Сити, а Пеп Гвардиола врза четири натпревари без победа, два по ред во Лигата на шампионите.

Манчестер Сити одигра добро прво полувреме, создаде повеќе шанси за гол, но Барса со погодок на Меси во 17. минута поведе со 1-0.

По осум минути игра се случи можеби клучниот момент, Клаудио Браво играше со рака надвор од шеснаесетникот и доби директен црвен картон.

Следуваа уште два гола на Меси за негов хет-трик и убедливо водство од 3-0.

Матие на брзина доби два жолти картони и од 73. минута силите беа израмнети но продолжи доминацијата на Барселона.

Во 87. минута Меси беше соборен во шеснаесетникот, судијата покажа на белата точка, Нејмар не успеа да реализира пенал.

Но две минути подоцна Бразилецот се поправи, постигна убав гол за конечен резултат од 4-0.

Хет-трик вечерва постигна и Месут Озил, Арсенал со 6-0 го прегази Лудогорец. Покрај Озил голови постигнаа и Санчез, Волкот и Чембрлејн.

Баерн Минхен со убедливи 4-1 го совлада ПСВ, Милер, Кимих, Левандовски и Робен ги постигнаа головите за Баварците.

Атлетико Мадрид со гол на Караско славеше минимална победа од 1-0 на гостувањето кај Ростов.

Изненадување направи Бешикташ кој со 3-2 го победи Наполи на негов терен. Гостинска победа славеше и Бенфика која го совлада Динамо Киев со 2-0, а со истиот резултат триумфираше и Менхенгладбах кај Селтик. ПСЖ со 3-0 беше подобар од Базел.