24фудбал

Македонија падна на 155. место на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација доживеа нов историски пад на ФИФА ранг листата, сега сме на 155. позиција, најслабо досега.

Македонија

Поразите од Израел и Италија ја однесоа Македонија на најниското до сега 155. место на ФИФА ранг листата, падот никако да престане.

Сте слушнале ли за Сао Томе и Принсипе, тоа е африканска островска нација со 150.000 жители која според најновата ранг листа на ФИФА е подобра во фудбал од Македонија. Тие се на 153. место, а пред нас се и земји како Гренада, Суринам, Танзајнија, Коморос, Таџикистан... но сеуште сме подобри од Барбадос, Аруба, Белизе, Нова Каледонија...

Играта на македонската репрезентација на последните натпревари беше ветувачка, но резултатите остануваат исти, порази. Мали се шансите лошата серија да биде прекината во ноември, следниот месец и гостуваме на Шпанија во четвртиот квалификациски меч за пласман на СП 2018.

Меѓу првите десет на ранг листата нема големи промени, прва е Аргентина, по неа следуваат Германија, Бразил, Белгија, Колумбија, Чиле, Франција, Португалија, Уругвај и Шпанија.