24фудбал

Чкембари: Полицијата брутално нѐ нападна и употреби пркумерна сила (ВИДЕО)

Навивачката група „Чкембари“ преку соопштение поткрепено со видео ја кажува својата верзија од инцидентот по натпреварот помеѓу Брегалница и Пелистер кој се играше во Кочани.

Македонија

По крајот на вчерашниот меч помеѓу Брегалница и Пелистер кој се одигра во Кочани се случија инциденти кои резултираа со повредени навивачи и полицајци.

Навивачката група на Пелистер, „Чкембари“ излегоа со соопштение и видео од настанот. Соопштението ви го пренесуваме во целост:

По завршувањето на вчерашниот натпревар Брегалница Пелистер одигран во Кочани,дојде до физички напад на навивачката група Чкембари од страна на полицијата,при што со сериозни повреди се здобија неколку наши членови.Имено по завршувањето на самиот натпревар по влегувањето во автобусот и тргнувањето спрема Битола,по поминати 50тина метра,нашиот автобус беше нападнат со камења од страна на домашната публика.Веднаш автобусот застана и неколку Чкембари излегоја од автобусот и реагираа кон тие што не нападнаа.Наместо полицијата да не заштити и безбедно да не спроведи кон Битола,тие брутално не нападнаа и употребија несоодветна сила спрема нас,при што како и веќе спомнавме повредени се неколку наши членов.,Денес во медиумите гледаме пласирање на невистини и напади кон нас,осуди за нашето однесување, а никаде осуди за насилничкото однесување од тие кои треба да спречат насилство. На видеото имаме доказ за беспотребна употребена прекумерна сила,нашите членови имаат извадено лекарски уверенија.

ПРАВДА ЗА НАВИВАЧИТЕ !!!!!!!

Со почит навивачка група Чкембари 24.10.2016