24фудбал

Мурињо ги предизвикува своите фудбалери: Покажете дека сте мажи, не деца!

Жозе Мурињо ги повика своите фудбалери да покажат дека се мажи на теренот и заедно да излезат од кризата во која во моментов е тимот.

Англија

Манчестер јунајтед беше посрамотен на Стемфорд Бриџ откако загуби од Челси со 4-0. Мурињо има само една победа во последните шест натпревари од Премиерлигата, а пред тимот е дербито во Лига Купот против Манчестер Сити.

Манчестер јунајтед заостанува шест бода зад првото место, а пет зад четвртата позиција. Во Премиерлигата имаат значително полесен распоред од претходно и Мурињо се надева дека ќе влезат во серија победи.

„Навистина, навистина сме разочарани, ова не е ситуација за деца, ова е за мажи и утре треба да покажеме дека сме мажи и да работиме напорно за следниот меч“ - вели Мурињо.

„Би преферирал следниот меч да го играме во Премиерлигата, не во Лига Купот. Разочарувањето е во Премиерлигата каде разликата е шест бода. Имавме тежок период, тешки натпревари. Загубивме бодови и кога игравме одлично, пример против Стоук“.

„Сега треба да победуваме. Не велам дека пред нас се лесни натпревари, но играме против Барнли, Свонси, Вест Хем, Сандерленд, Мидлсброу, натпревари кој треба да ги победиме. Екипите пред нас играат меѓу себе како ние што игравме против Челси и Ливерпул. Ќе губат и тие бодови и ќе можеме да се доближиме“.