24фудбал

Матиќ открива како Челси се разбудил за да го демолира Манчестер јунајтед

Српскиот фудбалер, Немања Матиќ ја посочува причината поради која фудбалерите на Челси се разбудија и одиграа фантастична партија против Манчестер јунајтед.

Англија

Не долго пред мечот со Манчестер јунајтед, Челси беше во лоша форма, но фудбалерите на Конте почнаа да играат како што фановите посакуваат, а тоа најдобро го почувствува Мурињо и Манчестер јунајтед.

Матиќ вели дека добрата игра е предизвиката од поразот против Арсенал, токму по овој меч тие се разбудиле и заиграле како што треба.

„Понекогаш е важно да загубите натпревар за да се разбудите. Мислам дека мечот со Арсенал за нас беше будилник. Знаевме дека мораме многу подобро, дека мораме да тренираме понапорно и тоа го направиме, па се одрази и на резултатите и играта“ - вели Матиќ.

„Во последните три натпревари покажвме квалитет, постигнавме голови, а не примавме, што е многу значајно за нас. Сезоната е долга, ќе видиме во мај месец како ќе биде. Можеби тогаш ќе биде актуелна некоја друга приказна“.