24фудбал

За пласман на ЕП младите фудбалери ќе бидат наградени со 230.000 евра од ФФМ

УО на Фудбалската федерација на Македонија утврди вкупна награда од 230.000 евра за репрезентацијата до 21 година за пласманот на Европското првенство во Полска

Македонија

Пред натпреварот со Шкотска од таборот на ФФМ најавија дека ќе одвои најмалку 200.000 евра доколку „Црвено-жолтите“ направат историски успех и се пласираат на СП 2017.

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на седницата одржана денес ја утврди точната сума и одреди вкупна награда од 230.000 евра.

„Настапот на репрезентацијата во квалификациите за пласман на ЕП 2017 беше нешто посебно, игра со срце и желба за успех. Не ни беше проблем да се договориме околу решение за паричната награда. Клучно е она што репрезентативците го покажаа на терен. Заеднички покажавме нови стандарди на работење и така ќе биде и во иднина. На екипата и на селекторот Милевски им посакуваме многу среќа на Европското првенство. Покажаа дека со квалитетот припаѓаат меѓу најдобрите селекции во Европа“ - е ставот на членовите на Управниот одбор на ФФМ.