24фудбал

Јувентус откри колкава е провизијата на Рајола од трансферот на Погба

Генералниот директор на Јувентус, Бепе Марота на акционерите им го образложи светски рекордниот трансфер на Пол Погба во Манчестер јунајтед

Италија

За услугите на Французинот, Јувентус ќе добие 105 милиони евра плус 5 додатни во бонуси.

Но „Старата Дама“ ќе треба да му исплати фантастични 27 милиони евра на Мино Рајола, агентот на Пол Погба.

„Погба пристигна во нашите редови за сума од 1,5 милиони евра – им објасни на акционерите генералниот директор Бепе Марота.

„По четири години поминати во Јувентус, тој одлучи да се врати во Англија и сакаше да замине по секоја цена.

„Ние баравме 105 милиони евра, плус 5 милиони во бонуси, кои ќе ги добиеме доколку тој стави потпис на нов договор или пак биде продаден за повеќе од 50 милиони евра.

„Исто така, Мино Рајола и неговата компанија ќе добијат 27 милиони евра. Па кога ќе се соберат сите издатоци, имаме капитанла добивка од 72 милиони евра од продажбата на Погба.