24фудбал

Милан потфрли на гостувањето кај Џенова (ВИДЕО)

Џенова го врати Милан во реалноста, по големата победа над Јувентус, „Росонерите“ загубија со 3-0 на гостувањето на Луиџи Ферарис

Италија

Избраниците на Винченцо Монтела во саботата се радуваа на три бода во дербито против Јувентус, но вечерва не беа на потребното ниво и останаа со празни раце на гостувањето во Џенова.

Резултатот беше отворен во 11. минута. По една долга акција, Нинковиќ ги донесе домаќините во предност од 1-0.

На стартот од вториот дел, Милан дополнително си ја отежна работата откако Палета заработи црвен картон.

До крајот на средбата Џенова ја искористи бројчаната предност, со автоголот на Куцка поведе со 2-0 а точка на натпреварот стави Паволети во 86. минута.