24фудбал

Арсенал лесно против Рединг, Ливерпул подобар од Тотенхем (ВИДЕО)

Арсенал и Ливерпул се во четвртфиналето на Лига Купот откако вечерва славеа над Рединг, односно Тотенхем

Англија

Во Лондон, со двата гола на Алекс Окслејд Чемберлејн, Арсенал со 2-0 славеше над Рединг.

По една соло акција на Англичанецот во 33. минута, „Топчиите“ дојдоа во предност од 1-0, а сите дилеми беа решени во 78. минута кога Чемберлејн со удар од работ на шеснаесетникот ја затресе мрежата на гостите по втор пат.

„Црвените“ продолжуваат да играат во одлична форма, на Енфилд вечерва беше поразен Тотенхем во Лига Купот.

Стариџ го отвори резултатот во 9. минута, а истиот играч зголеми на 2-0 во 64. минута.

Гостите преку Јансен од пенал намалија на 2-1 во 76. минута, но немаа сили за нешто повеќе.

Во четвртфиналето од Лига Купот место обезбеди и Њукасл по победата од 6-0 над Престон како и Хал, кој славеше со 2-1 на гостувањето кај Бристол Сити.