24фудбал

Лорен Блан ќе биде нов тренер на Интер?

Лорен Блан е фаворит за наследник на Франк Де Бур на кормилото на Интер, тој веќе е контактиран од италијанскиот клуб.

Италија

Столчето на Холанѓанецот е сериозно разнишано по серијата лоши резултати и медиумите од Италија пишуваат дека тој ќе добие отказ во скоро време.

Интер веќе има листа со можни наследници на Франк Де Бур, а според медиумите од Франција, Интер веќе остварил контакт со Лоран Блан.

Паризиен пренесува дека новите сопственици од Кина разговарале со агентот на стратегот и Лоран Блан е заинтересиран за враќање на Џузепе Меаца, каде настапуваше од 1999 до 2001.

Според пишувањата на Газета дело Спорт, покрај Лоран Блан, на листата со желби се уште Леонардо, Стефано Пиоли, Андреа Мандорини, Франческо Гвидолин и Едоардо Реја