24фудбал

Мурињо: Тешко ми е во Манчестер, од папараците не можам ни во ресторан да отидам

Лошите резултати не се единствениот проблем на Мурињо во Манчестер, Португалецот се жали што е одалечен од фамилијата и за големиот број на папараци од кои тешко му е да излезе од хотелот во кој престојува.

Англија

Португалецот изминатово лето го превзеде кормилото на „Црвените Ѓаволи“, донесе неколку квалитетни засилувања на Олд Трафорд помеѓу коj и Пол Погба, за кого беа платени рекордни 105 милиони евра.

Сепак, Манчестер јунајтед не игра на потребното ниво на стартот од сезоната и не ги бележи очекуваните резултати.

Но ова не е единствениот проблем за Жозе Мурињо, во разговор со Скај Спортс, Португалецот отркива дека има потешкотии и на приватен план.

Тој во Манчестер живее сам во хотел додека пак неговото семејство е во Лондон.

„Мојата ќерка следната недела ќе полни 20 години, мојот син ќе наполни 17 за неколку месеци” – вели Мурињо.

„Тие се прилично стабилни... универзитет во Лондон, фудбал во Лондон, пријатели”.

„Се наоѓаат во години каде повеќе не можат да ме следат како во минатото”.

„Па за прв пат семејството живее на еден поинаков начин”.

„Размислувам да купам апартман, не некоја огромна куќа за која пишуваат медиумите. Никогаш нема да купам огромна куќа!”

„Доколку најдам фин апартман со добра конекција од гаражата до апартманот, можеби ќе го купам”.

„Но има уште еден проблем, не знам да готвам!”

„Специјалниот“ исто така се пожали дека мака мачи и со папараците кои постојано го следат.

„За хотелот и брендовите кои ми се спонзори, папараците се извонредни бидејќи секој ден се тука”.

„Сите го знаат името на хотелот, сите ја знаат последната колекција на брендот”.

„Но за мене е катастрофа, бидејќи понекогаш сакам да прошетем и не можам. Сакам да отидам на вечера во ресторан но не можам, па навистина е лошо”.

„Но имам апликации со кои можам да порачам храна и го правам тоа понекогаш”.