24фудбал

Ибрахимовиќ: Да покажеме кој е главен во градот

Златан Ибрахимовиќ смета дека по тешкиот пораз од Челси, Манчестер јунајтед може да се крене, да го добие градското дерби со Сити и да покаже кој е главен во градот.

Англија
По дебаклот на Стемфорд Бриџ, Манчестер јунајтед го пречекува Сити во градското дерби, натпревар од Лига Купот на Англија.
 
Двата ривали се сретнаа и во Премиерлигата оваа сезона, тој дуел го доби Манчестер Сити, па желбата за одмазда е присутна кај „црвените ѓаволи“.
 
„Не бевме добри на последниот натпревар, тоа е јасно, загубивме, но ајде да го промениме тоа, да го добиеме вечерашниот натпревар и да продолжиме во купот. Тоа е она што го сакаме. Веруваме во себе и во она што го правиме и тоа е главната работа“ - вели Ибрахимовиќ.
 
„Добро е кога играш против силни противници бидејќи ваквите натпревари знаат да го извадат најдоброто од тебе“.
 
„Ова е ривалски натпревар помеѓу два тима од ист град, едни светло сини, други црвени. Секогаш сакате да бидете главни во градот“.
 
„Имам големо искуство од вакви натпревари, сум играл во цела Европа слични натпревари. Многу пати сум искачал како победник па се надевам дека и сега ќе биде така“.