24фудбал

За инцидентот со шишето кое заврши во главата на Нејмар, Валенсија казнета само со 1.500 евра

„Лос Че“ помина лесно за големиот инцидент и шишето фрлено кон играчите на Барселона, Валенсија доби само парична глоба од 1.500 евра

Шпанија

„Каталонците“ со три бода се вратија од гостувањето кај Валенсија откако Лео Меси постигна гол од пенал во судиското продолжение.

На домашните навивачи не им се допадна начинот на кој беше прославен голот, па од трибините полетаа најразлични предмети, а едно шише со вода заврши во главата на Нејмар и потоа удри уште неколку играчи.

Дисциплинската комисија при Фудбалската Федерација на Шпанија денеска донесе пресуда, која дополнително ги распали страстите.

Валенсија помина само со парична глоба о 1.500 евра и опомена дека дел од трибините ќе бидат затворени доколку се повтори ваков инцидент.

Дисциплинската комисија исто така имаше замерки за однесувањето на фудбалерите на Барселона, ги обвини дека провоцирале и дека некои играчи нe покажале спортски дух кога симулирале дека биле удрени и покрај тоа што немало контакт со шишето.