24фудбал

Омразениот Икарди му донесе победа на Интер против Торино (ВИДЕО)

Благодарение на два гола на Икарди, Интер со 2-1 го победи Торино, Јувентус славеше убедлива победа против Сампдорија, гостински триумф за Рома кај Сасуоло.

Италија

Фановите на Интер не го сакаат, но вечерва тој беше клучот за нивна радост против Торино, со два гола на Икарди „нероазурите“ дојдоа до победа и веројатно го одложи отказот на Франк де Бур.

Икарди во 35. минута го отвори мечот, но Белоти со погодок во 63. го изедначи резултатот.

Ремито беше актуелно до самиот финиш кога Икарди во 88. по втор пат беше прецизен за победа на Интер од 2-1.

Јувентус со убедлив триумф од 4-1 над Сампдорија се врати на победничките патеки.

Интересно два гола од овој меч беа дело не Киелини, по еден постигнаа Манџукиќ и Пјаниќ.

Рома со 3-1 победи на незгодното гостување кај Сасуоло. Џеко беше стрелец на два гола, еден постигна Наинголан.

Наполи со 2-0 го победи Емполи. Голем кикс направи Фиорентина која одигра само 1-1 против Кротоне за кого ова беше само вториот бод оваа сезона.

Лацио со 4-1 го победи Каљари, Киево и Болоња одиграа 1-1, Аталанта со 1-0 славеше над Пескара.