24фудбал

Во Англија не е лесно, Гвардиола ја има најдолгата серија без победа во кариерата

Манчестер Сити предводен од Пеп Гвардиола нема победа повеќе од еден месец, последниот неуспех беше синоќа кога тимот на Олд Трафрод беше елиминиран од Лига Купот.

Англија

Пеп Гвардиола нема победа веќе шест натпревари по ред, тоа е негова најдолга негативна серија.

Сезоната во Премиерлигата ја почна моќно, Манчестер Сити покажуваше импресивни партии и се редеа победи, но наеднаш тимот падна во криза.

Последната победа на Гвардиола е на 24. септември кога Сити го победи Свонси во Премиерлигата.

Серијата неуспеси започна од дуелот со Селтик во Лигата на шампионите кој заврши 3-3. Во елитното клупско натпреварување Сити беше убедливо совладан од Барселона со 4-0.

Во Премиерлигата беше поразен од Тотнем со 2-0, а одигра реми на свој терен со Евертон и Саутемптон. Синоќа беше елиминиран од Лига Купот откако загуби со 1-0 од Манчестер јунајтед.

Прва шанса за прекин на серијата неуспеси ќе биде во сабота кога Манчестер Сити му гостува на Вест Бромвич.