24фудбал

Фергусон го откри својот фаворит за титулата во Премиерлигата

Легендата на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон вели дека „Црвените Ѓаволи“ се еден од конкурентите за титулата во Премиерлигата, но додава дека фаворит е Манчестер Сити

Англија

Во разговор со Кикер, Шкотот вели дека пет клубови ќе се борат за титулата оваа сезона.

Во моментов на врвот на табелата, Манчестер Сити, Арсенал и Ливерпул имаат по 20 бода, додека пак Челси и Тотенхем еден помалку.

Манчестер јунајтед заостанува шест бода, но според Сер Алекс Фергусон, никој не треба да ги отпише „Црвените Ѓаволи“.

„Во споредба со минатото, сега е многу потешко да се предвиди – рече легендата на Манчестер јунајтед.

„Мислам дека има пет кандидати. Манчестер Сити е фаворит, а би ги вброил и Тотенхем и Ливерпул, како и Манчестер јунајтед и покрај тоа што им е потребна конзистентност. И покрај тоа што заостануваат шест бода, се уште можат да ги стигнат екипите на врвот.

„Исто така не треба да го заборавите и Арсенал. Оваа сезона се пожилави, играат подобро и се поагресивни. Импресиониран сум од младиот Алекс Ивоби.