24фудбал

Шкендија го отпушти Акраповиќ

Двата последователни порази на домашен терен од Вардар и Шкупи беа пресудни Шкендија да му врачи отказ на тренерот Бруно Акраповиќ.

Македонија

Шкендија најпрво го загуби дербито со Вардар во Тетово а неколку дена подоцна исто така на свој терен беше поразена и од Шкупи. По овие два резултати заостанува со пет бода зад Вардар во трката за титулата. Поради тоа Акраповиќ денеска доби отказ.

„Босанскиот тренер Бруно Акраповиќ повеќе не е дел од Шкендија, клубот одлучи да го отпушти од вукнцијата. Јетон Бекири ќе го води тимот до следната одлука“ - стои во соопштението на Шкендија.

„Директорите во клубот повикаа итен состанок на кој се анализираше ситуацијата по двата последователни порази во Тетово од Вардар и Шкупи. По деталната анализиа на моменталната ситуација раководството процени дека треба да се раздели со тренерот Бруно Акраповиќ“.

„Му благодариме за неговиот допринос во тимот и резултатите постигнати додека беше тренер. Му посакуваме се најдобро во иднина“.