24фудбал

Несторовски продолжува да ги тресе мрежите во Италија, нов гол за Палермо (ВИДЕО)

Илија Несторовски постигна нов гол за Палермо, игра во одлична форма, но неговиот тим со 3-1 го загуби натпреварот од Удинезе.

Италија

Илија Несторовски е главниот напаѓач на Палермо, Македонецот постигна нов погодок. Во 10. минута украде една топка на средината на теренот и по соло акција постигна гол за водство на неговиот тим од 1-0.

Но, Несторовски не може сам, во продолжението Палермо прими три гола и загуби со 3-1.

По десет одиграни кола Палермо е на претпоследното место со само шест освоени бода.