24фудбал

Роналдо го продолжи договорот со Реал Мадрид: Ќе играм фудбал до 41 година

Кристијано Роналдо стави потпис на нов договор со Реал Мадрид со траење до 2021 година и не планира тој да биде негов последен, сака да игра фудбал уште десет години.

Шпанија

Кристијано Роналдо стави потпис на нов пет годишен договор со Реал Мадрид, кога во 2021 тој ќе заврши фудбалерот ќе има 36 години, но тука нема да биде и крајот на неговата кариера.

„Кристијано Роналдо потпиша нов договор со Реал Мадрид со траење до 30. јуни 2021 година“ - стои во соопштението на клубот.

Роналдо вели дека е среќен во Реал Мадрид и потврди дека ова не е неговиот последен договор, би играл до 41 година.

„Сакам да играм до 41 година. Тука го сретнав Ди Стефано кој ми рече „продолжи како шампион, ти си најдобриот“ - вели Роналдо.

„Имам уште десет години фудбал во мене, не можам да потврдам дека и на 40 години ќе бидам во Реал Мадрид, не можам да играм тука вечно, не знам дали ќе ме сакаат тука и тогаш“.