24фудбал

Официјално: Јаневски потпиша со Беверен

Македонскиот тренер, Чедомир Јаневски е нов тренер на Беверен откако стави потпис на договор до крајот на годината со белгискиот клуб.

Македонија

Јаневски најде нов ангажман во Белгија, го презема кормилото на Беверен со кој потпиша договор до крајот на сезоната со можност за уште една дополнителна.

„Не сакавме да избрзуваме со одлуката. Ги разгледавме профилите на сите можни кандидати и се одлучивме за Јаневски, веруваме дека тој е нашето најдобро решение“ - вели претседателот на клубот, Дирк Хуик.

Јаневски ќе дебитира на мечот против Кортријк на 19. ноември, Беверен во моментов се наоѓа на 12. позиција со 13 бода.