24фудбал

Бразил моќен против Аргентина, прекрасен гол на Кутињо (ВИДЕО)

Бразил со убедливи 3-0 го победи вечниот ривал селекцијата на Аргентина во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2018.

Јужна Америка

Ноќеска се играше големото дерби во Јужна Америка, Бразил во Бело Хоризонте ја пречека Аргентина и ја славеше најубедливата победа над ривалот во последната деценија.

Бразилците одиграа маестрално, додека Аргентина предводена од Лео Меси на теренот изгледаше немоќно.

Резултатот беше отворен во 25. минута со фантастичен погодокот на Кутињо, пред самиот крај од првото полувреме Нејмар го зголеми резултатот на 2-0.

И покрај сигурното водство Бразил во второто полувреме напаѓаше и создаде многу повеќе можности за гол, една од нив беше искористена во 59. минута кога Паулињо ги постави конечните 3-0.

По 11 одиграни натпревари во јужноамериканските квалификации за Светското првенство, Бразил е лидер со 24 бодови, Аргентина е дури на шестото место со 16 бодови. Првите четири директно се пласираат, петтиот игра бараж.