24фудбал

Ѕампарини добро ќе заработи на Несторовски: Илија сега вреди помеѓу 15 и 20 милиони евра

Сопственикот на Палермо, Маурицио Ѕампарини вели дека не сака да го продаде Илија Несторовски и порачува дека Македоенцот сега вреди помеѓу 15 и 20 милиони евра

Италија

Напаѓачот е хит во Серија А оваа сезона и веќе има седум погодоци зад своето име.

Се шпекулира дека Наполи сака да го ангажира Илија Несторовски, „Наполитанците“ се во потрага на нов голгетер поради повредата на Аркадиуш Милик.

На листата со желби на Наполи има неколку имиња, како Ѕаѕа, Паволети, Дефрел, Муриел, Дестро и Несто-гол.

Но од таборот на Палермо уште еднаш порачуваат дека Македонецот нема да замине во јануари, а ако евентуално биде продаден, тоа ќе биде за голема сума.

„Нема да го продадеме Несторовски во јануари – вели Маурицио Ѕампарини.

„Неговата цена сега е помеѓу 15 и 20 милиони евра.

Палермо за услугите на Илија Несторовски плати само 500.000 евра, па ако Ѕампа ја добие сумата што ја бара, „Сицилијанците“ добро ќе заработат.