24фудбал

Џеко: Ова е мојот најубав гол за Рома (ВИДЕО)

Един Џеко игра во одлична форма во дресот на Рома, синоќа против Плзен постигна хет-трик, а особено беше убав неговиот прв гол за кој смета дека е негов најдобар во дресот на италијанскиот клуб.

Италија
Џеко е херојот на Рома на синоќешниот меч кој го добија со 4-1. Босанскиот напаѓач игра во одлична форма, а првиот погодок против Викторија Плзен беше посебен.
 
„Мојот прв гол веројатно е мојот најдобар откако дојдов во Италија, особено поради тоа што погодив со левата нога“ - вели Џеко.
 
„Чувствувам дека сум во добра форма, ова беше значајна победа, се квалификувавме за следната рунда“.
 
„Сакам да играм по целиот терен, не сакам само да стојам во нападот и да ја чекам топката. Сакам да играм со тимот. Сега треба да се фокусираме на следните натпревари во Серија А бидејќи минатото коло доживеавме болен пораз од Аталанта“.