24фудбал

Раниери открива: Варди не можеше да постигне гол ниту на тренинг

Менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери се надева дека Џејми Варди во скоро време ќе стави крај на сушниот голгетрски пост во дресот на „Лисиците“

Англија

Англичанецот минатата сезона беше еден од најопасните напаѓачи во Премиерлигата и постави нов рекорд постигнувајќи гол на 11 натпревари во низа.

Но Џејми Варди се мачи на стартот од оваа сезона, последниот гол за Лестер го постигна на 10. септември.

Откако на 14 натпревари по ред не ја затресе мрежата, минатата недела одново се запиша во листата на стрелците на пријателскиот натпревар помеѓу Англија и Шпанија.

Па Клаудио Раниери сега очекува одново да го види оној стариот Џејми Варди од минатата сезона.

„Се рестартираше и мислам дека одново ќе почне да ги тресе противничките мрежи – вели менаџерот на Лестер.

„Почна да дава голови и на тренинзите, и тоа е добро, бидејќи претходно и на тренинг не можеше да погоди.

„Тој ќе се врати. Разговарам со него секој ден. Смирен е, сконцентриран на неговата работа да му помогне на тимот.

„Неговата работа е важна, без разлика дали ќе постигне гол или нема.