24фудбал

Гудјонсен му се понуди на Чапекоенсе: Ќе играм за вас доколку има место за мене

Легендарниот исландски фудбалер, Ејдур Гудјонсен му се понуди на бразилскиот Чапекоенсе да го облече дресот на тимот во овој екстремно тежок период за нив.

Останато

38-годишниот легендарен играч на Челси, Ејдур Гудјонсен сака да го облече дресот на Чапекоенсе и да му помогне на клубот во екстремно тешкиот период.

Бразилскиот клуб сеуште е во шок по големата трагедија која ги снајде и нејасно е како ќе продолжи да се натпреварува оваа сезона.

„Со сета почит, би играл за Чапеконсе доколку имаат место за мене!“ - напиша Гудјонсен на својот твитер профил.

Претходно и Роналдињо се поврзуваше со бразилскиот клуб, но сеуште е нејасно дали ќе го облече зелениот дрес.

Се повеќе играчи му се нудат на Чапекоенсе, но јасно е дека на раководството на клубот му е потребно време да се соземе од шокот и да одлучи како понатаму.