24фудбал

Озил и Санчез не се задоволни од понудата на Арсенал

Сеуште е неизвесно дали најдобрите играчи на Арсенал, Месут Озил и Алексис Санчез ќе ги продолжат договорите со клубот и ќе останат на Емирати.

Англија

Арсенал игра во одлична форма, а за тоа најзаслужни се Месут Озил и Алексис Санчез кои оваа година блескаат во сиот свој сјај.

Но, и двајцата имаат уште само 18 месеци од своите актуелни договори со клубот, па наскоро треба да се знае дали ќе продолжат во Арсенал и ќе заминат.

Денеска, новинарот на „Стандард“, Џејмс Олеј кој има добри извори од Арсенал, пишува дека Озил и Санчез не се задоволни од актуелната понуда на Арсенал и преговорите се во застој.

Информациите велат дека тие сакаат да бидат платени барем приближно колку најплатените играчи во Премиерлигата, а во моментов Пол Погба е на врвот со 290.000 фунти неделна плата.

Озил во моментов заработува 140.000 неделно, додека Санчез 130.000. За споредба, платата на Венгер е 160.000 фунти неделно.

„Стандард“ пишува дека Арсенал на двајцата им понудил плата од по 200.000 фунти неделно, сума која и не изгледа лошо, но е далеку од онаа која ја зимаат Погба, Руни и Ибрахимовиќ во Манчестер јунајтед.

Во интервју за чилеанските медиуми, Санчез во септември изјави: „Го достигнав нивото на најголемите играчи. Не се чувствувам инфериорен спрема никого. Моите квалитети ги ценам како оние на Меси и Роналдо, имам исти можности со нив“.

Кристијано Роналдо во моментов заработува 420.000 евра годишно, додека Меси околу 380.000 и во моментов е во преговори за потпишување на нов договор со Барса. Овие суми се огромни, па јасно е дека ако Санчез се споредува со најголемите фудбалери во светот ќе сака да има плата барем како играчите со најголеми примања во Премиерлигата.

Навивачите на Арсенал се надеваат дека на крајот сепак нивните миленици ќе останат во клубот. А многумина сметаат дека пишувањата во „Стандард“ се само уште една финална тактика на двајцата играчи како да изнудат што е можно повисоки договори од клубот.