24фудбал

Официјално: Трофејот од Судамерикана му припадна на Чапекоенсе

Јужноамериканската фудбалска конфедерација потврди дека титулата од Судамерикана 2016 ја добива тимот на Чапекоенсе, Атлетик Национал е вицешампион и ќе добие награда за фер плеј.

Јужна Америка

Момците од Чапекоенсе се радуваа на историски пласман во финалето на Судамерикана, но на патот до мечот за трофејот во Меделин, нивниот авион се сруши и приказната доживеа ужасен крај, речиси целиот тим загина.

Брзо по несреќата, колумбискиот клуб Атлетико Национал од Меделин побара трофејот да го добие Чапекоенсе, Јужноамериканската конфедерација го прифати тоа и денеска го прогласи бразилскиот тим за шампион.

Чапекоенсе е запишан како шампион на Судамерикана за 2016 година, Атлетико Национал ќе ги добие почестите за второто место како и награда за фер-плеј која ќе изнесува милион долари.