24фудбал

Модриќ преку компанија во Луксембург затајувал данок

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ е обвинет дека избегнувал да плаќа данок преку отварање на фирма во Луксембург

Шпанија

Медиумите кои ги истражуваат документите до кои дојде Фудбал Ликс продолжуваат да пишуваат за фудбалерите кои коиристат најраслични шеми за да избегнат плаќање на данок.

Откако претходно беш објавено дека Кристијано Роналдо прикрил 150 милиони евра во даночни раеви, Ел Мундо сега пишува дека ЦР7 не е единствениот играч кој избегнувал да плаќа данок.

Весникот пишува дека Лука Модрид четири месеци по трансферот на Сантијаго Бернабеу во 2012 во Луксембург ја основал компанијата Ивано (по името на неговиот син), која ја води неговата сопруга Вања.

Репрезенативецот на Хрватска потоа ги продал имиџ правата на оваа компанија, и на тој начин платил данок од само 1%, наместо оној од 30% до 51% во Шпанија.

Лука Модриќ кај шпанските даночни власти не пријавил никаков приход од имиџ правата во 2013 и 2014, и според Ел Мундо, даночните власти веќе отвориле истрага.