24фудбал

Новинарот кој го критикуваше Несторовски се предомисли: Илија е многу корисен играч

Новинарот Фабио Кареса призна дека погрешно го проценил Илија Несторовски па сега вели дека Македонецот е многу корисен играч со одлично чувство за гол

Италија

Илија Несторовски минатото лето се пресели во Палермо за 500.000 евра, а новинарот Фабио Кареса не беше импресиониран од потегот на Маурицио Ѕампарини.

Напаѓачот добро ја започна авантурата во Сицилија и постигна два гола во Серија А во месец септември и му помогна на Палермо да освои четири бода на дуелите со Кротоне и Аталанта.

Но и покрај тоа, Фабио Кареса упати нови критики на адреса на репрезентативецот на Македонија.

Илија Несторовски продолжи да ги полни противничките мрежи, стигна до бројката од 7 погодоци, па Фабио Кареса сега призна дека погрешно го проценил играчот.

„Се предомислив – вели Кареса. „Илија е многу корисен играч.

„Секогаш можете да го промените мислењето...Можеби не е феномен како што некои велат, но е многу корисен играч кој одлично се движи во шеснаесетникот и затоа лесно постигнува голови.