24фудбал

Лорис, Нејмар, Настасиќ, Ван дер Варт и најлудите клаузули во светот на фудбалот

Весниците кои ги истражуваат документите од Фудбал Ликс открија дел од најлудите клаузули во светот на фудбалот

Останато

Фудбал Ликс и нивните документи одново се актуелни, медиумите кои ги истражуваат договорите што се потпишуваат во светот на фудбалот секојдневно објавуваат нови информации.

Францускиот портал Медиапарт реши да состави список на дел од најлудите клаузули.

Гоманот на Тотенхем, Хуго Лорис има клаузула според која тој добива бонус дури и неговиот тим да изгуби. За секој пораз Французинот добива 3500 фунти или околу 4000 евра.

Фабио Капело во 2013 беше дел од хуманитарните натпревари кои ги организираше Лео Меси, но и покрај тоа што овие средби се наменети за да се соберат пари на оние кои им се потребни, стратегот требал да добие 75 000 долари покрај платените авионски билети во бизнис класа и престој во хотели со пет ѕвезди. Италијанецот сепак се откажал од дел од бонусот, па лапнал само 50 000 долари.

Добро е познат обидот на Арсенал да го купи Луис Суарез за 40.000.001 фунти, „Топчиите“ веруваа дека нудејќи 1 фунта над границата од 40 милиони ќе биде доволна за да се активира откупната клаузула на напаѓачот. Зделката никошга не се реализираше, но Ливерпул не сака да си има ништо со Арсенал па во договорот на Фирмино има откупна клаузула од 98 милиони евра која може да ја активира било кој клуб освен „Топчиите“.

Матија Настасиќ има спонзорски договор со Најк, но за да носи копачки од оваа компанија мора да му докаже на Шалке дека копачките од клупскиот спонзор Адидас не може да ги носи поради здравствни причини.

Ван дер Ваарт немал вакви ограничуавња од Бетис, можел да носи какви копачки сака, единствено морал да внимава на нив да нема црвена боја, која е заштитен знак на лутиот градски ривал Севиља.

Пробламетичниот Марио Балотели исто така имал бизарна клаузула во договорот со Ливерпул. Доколку напаѓачот се однесувал примерно, не плукал противнички играчи, не навредул, не провоцирал и не добил три црвени картони, на крајот од сезоната ќе инкасирал 1 милион фунти (1,2 милиони евра).

Нејмар од Панини добил 46.000 евра откако ставил потпис на 600 сликички од производителот на албуми.

Бразилецот Лукас Силва во 2015 пристигна во Реал Мадрид како перспективен млад фудбалер, а „Кралевите“ малку се прецениле па во неговиот договор вметнале откупна клаузула од 500 милиони евра.

Фудбалерот од средниот ред одигра едвај 8 натпревари за Реал Мадрид, а потоа беше испратен на позајмица во Марсеј, каде исто така не се изнаигра многу.