24фудбал

Чапекоенсе одби имунитет, не сакаат загарантиран опстанок во бразилската лига

Бразилските клубови побараа Чапекоенсе да добие загарантиран опстанок во наредните три години, но клубот го одби тоа сакајќи еднаков третман со останатите.

Јужна Америка

По огромната трагедија која го снајде Чапекоенсе кога во авионска несреќа го загубија речиси целиот тим, бразилските клубови се јавија со голем гест и неверојатна понуда.

Коринтијанс, Сантос, Сао Пауло и Палмеирас му понудиле фудбалери на позајмица на Чапекоенсе но и побарале загарантиран опстанок во наредните три години за овој клуб.

Таквиот план бил поддржан од сите бразилски клубови. Предлогот бил доколку Чапекоенсе заврши на едно од последните четири места кои водат во ранг подоле, од лигата да испадне петтиот тим од од дното на табелата.

Но, раководството на Чапекоенсе го одбило таквиот предлог со напомена дека клубот сака да игра како и секогаш, резултатите на теренот да ја одредуваат нивната судбина.

Синоќа КОНМЕБОЛ објави дека Чапекоенсе е крунисан за нов шампион на Копа Судамерикана и во наредната сезона ќе настапува во Копа Либертадорес.