24фудбал

Лудогорец му го донесе првото место на Арсенал (ВИДЕО)

Лудогорец одигра нерешено 2-2 на гостувањето кај ПСЖ, Арсенал го искористи таквиот резултат и со победа од 4-1 во Базел дојде до првото место на табелата.

Лига на Шампиони

ПСЖ влезе како голем фаворит во дуелот со Лудогорец, им беше потребна победа за да останат на првата позиција на табелата, но на крајот се спасуваа од пораз, натпреварот заврши 2-2.

Лудогорец поведе со гол на Мисиџан уште во 15. минута, тој резултат беше актуелен до 61. кога Кавани реализираше за израмнување. ПСЖ имаше уште доволно време за пресврт, но наместо тоа Вандерсон во 69. минута донесе ново водство за Лудогорец. Во 93. минута со погодок на Ди Марија францускиот тим избегна пораз.

Ваквиот резултат го искористи Арсенал кој со 4-1 славеше во Базел и го завери првото место на табелата. Конечно во дресот на Топчиите блесна Перез кој постигна хет-трик, еден гол беше дело на Ивоби.

Според квалитетот на екипите дербито се играше во Минхен каде Баерн го пречека Атлетико, но тој дуел немаше никакво резултатско значење.

Со гол на Левандовски, Баерн Минхен победи со 1-0, но Атлетико Мадрид уште во минатото коло го завери првото место.

Бешикташ требаше да победи во Киев, но наместо тоа прими шест голови од Динамо на кој не му значеше овој натпревар. Дуелот заврши со 6-0 за укрансикиот тим, а Турците заработија и два црвени картони.

Бенфика и покрај поразот од 2-1 од Наполи, се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Манчестер Сити и во вториот меч не успеа да го победи Селтик, одигра само 1-1. Во оваа група Барселона убедливо го освои првото место, а денеска со 4-0 ја совлада Менхенгладбах, хет-трик постигна Арда Туран, еден гол беше дело на Меси.

Немаше погодоци само на дуелот помеѓу ПСВ и Ростов.