24фудбал

Ливерпул ја почуствува атмосферата во ЛШ, Клоп ги однесе играчите на Камп Ноу (ФОТО)

„Црвените“ го искористија дводневниот престој во топлата Шпанија за од трибините на Камп Ноу да го проследат натпреварот помеѓу Барселона и Борусија Менхенгладбах во Лигата на Шампионите

Лига на Шампиони

Ливерпул оваа сезона нема обврски во Европа, па има прилично доста слободни денови помеѓу два натпревари во Премиерлигата.

Па по неочекуваниот пораз од Борнмут, Јирген Клоп реши да ги релаксира своите играчи со дводневен мини-камп во топлата Барселона.

„Црвените“ исто така го искористија ова патување за од трибините на Камп Ноу да го проследат натпреварот помеѓу Барселона и Борусија Менхенгладбах во Лигата на Шампионите.

Клубот од Енфилд денеска се враќа дома и ќе почне со сериозните подготовки за дуелот со Вест Хем во недела