24фудбал

Барселона одбила да го купи Модриќ во 2008

Таткото на Бојан Кркиќ кој работеше како скаут во Барселона открива дека каталонскиот клуб одбил да го купи Лука Модриќ од Динамо Загреб во 2008 година.

Шпанија

Лука Модриќ во Реал Мадрид се промовираше во еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот, интересно тој можел да игра за нивниот лут ривал, Барселона.

„Го имавме во наши раце. Модриќ беше фудбалер со победнички менталитет, но клубот не размислуваше за иднината, туку само на кратки стази“ - вели Бојан Крикиќ сениор.

„Контактиравме со хрватите кои зборуваа само најдобро за Модриќ пред тој да потпише за Тотнем. Тогаш работев во Барселона и тие ни праќаа ДВД од неговите игри за Динамо Загреб и хрватската репрезентација“.

„Се консултирав со Ѕвонимир Бобан, поранешниот играч на Милан и Хрватска за да го слушнам неговото мислење, тој ми кажа дека Модриќ ќе биде ѕвезда во иднина“.

„Го викнавме на Камп Ноу за да го запознаеме подобро. Дојде, пиевме кафе и остави многу позитивна импресија, зборуваше чисто англиски и делуваше многу интелегентно“.