24фудбал

Витсел му го сврте грбот на Јуве за милионите од Кина

Аксел Витсел реши да го откачи Јувентус и кариерата да ја продолжи на Далечниот Исток каде ќе заработува високи 18 милиони евра по сезона

Италија

Репрезентативецот на „Црвените Ѓаволи“ во последниот ден од летниот преоден рок беше на чекор до трансфер во Јувентус, но Зенит се предомисли и на крајот играчот остана во Санкт Петербург.

„Старата Дама“ сепак не се откажа од Аксел Витсел и работеше напорно да го ангажира играчот во јануари.

И кога се чинеше дека „Бјанконерите“ конечно ќе потпишат со фудбалерот од средниот ред, Аксел Витсел сега го откачи шампионот на Италија  и реши да ја прифати богатата понуда од Кина.

Белгијанецот ќе потпише три годишен договор со Тианџин и на Далечниот Исток ќе заработува 18 милиони евра по сезона, четири пати повеќе од она што Јувентус му го нудеше.

Одлуката беше тешка. Од една страна имав понуда од одличен клуб како Јувентус – вели Витсел за Тутоспорт.

„Од друга страна имав понуда за моето семејство која не можев да ја одбијам”.

„Раководството на Јуве се однесуваше џентлеменски, па можам само да им бидам благодаран.

„Ќе продолжам да навивам за Јувентус и се надевам дека ќе ја освојат Лигата на Шампионите.

„Кој знае, можеби во иднина патиштата ќе ни се сретнат!