24фудбал

Ѕампарини: Не им го дадовме Несторовски на Наполи, па мораа да го купат Пиволети

Претседателот на Палермо, Маурицио Ѕампарини открива дека Илија Несторовски бил прв избор на Наполи, но тие ги одбиле па затоа се насочиле кон Пиволети.

Италија

Македонецот има одлична деби сезона во Серија А, со 7 погодоци е прв играч на Палермо, па веќе го привлече вниманието на неколку клубови.

Наполи се обиде да го ангажира Илија Несторовски но Палермо не сака да слушне за продажба на напаѓачот.

Па клубот од Сан Паоло мораше да се насочи кон други цели и го купи Леонардо Паволети од Џенова.

„Несторовски и Паволети се различни” – вели првиот човек на Палермо, Маурицио Ѕампарини.

„Илија повеќе наликува на Инѕаги, но и Паволети знае како да постигнува погодоци”.

„Морам да признаам, Несторовски и за мене е големо изненадување”.

„Аудрелио Де Лаурентис пред три месеци ми прати смс порака и ме праша за Илија, но му кажав дека на оваа тема ќе разговараме одново во јуни”.

„Па тој мораше да се насочи кон други цели и го купи Паволети”.

„Несторовски има поголемо искуство, можеби не е Игуаин но го има карактерот на Пипита”.