24фудбал

Ракитиќ го засилува Манчестер Сити?

Според хрватските медиуми, на повидок е трансфер бомба во јануарскиот преоден рок, Иван Ракитиќ од Барселона ќе се пресели во Манчестер Сити.

Англија

Хрватскиот фудбалер играше во фантастична форма минатата сезона, но има проблеми во оваа. Откако имаше неколку лоши натпревари го загуби местото во првиот тим.

Летото Барселона даде богатство за да го купи Андре Гомеш, кој го презема местото на Ракитиќ во првиот тим.

За вечерашниот меч против Виљареал, Хрватот не беше ниту на клупата, а тоа само ги подгрева шпекулациите кои велат дека заминува од Камп Ноу.

Според „Јутарни лист“, Манчестер Сити е пред ангажман на Иван Ракитиќ.

Гвардиола ќе пазари од својот поранешен клуб со цел да донесе вистинско освежување во тимот на Манчестер Сити кој не игра онака како што тој сака.

Одредени англиски медиуми пишуваат дека и Манчестер јунајтед е заинтересиран за Ракитиќ. Во наредните денови ќе видиме дали Хрватот ќе направи трансфер во Премиерлигата.