24фудбал

Кој за кого гласал во изборот за Најдобар фудбалер

Кристијано Роналдо вчера беше прогласен за Најдобар фудбалер во 2016 на „Д Бест“ церемонијата во Цирих, а ФИФА утрово обелодени кој за кого гласал

Останато

Португалецот имаше одлична 2016, со Реал Мадрид ја освои Лигата на Шампионите, а неколку месеци подоцна со Португалија стигна до првата титула на Европските првенства.

За ваквата постигнување, минатиот месец доби нова „Златна Топка“ од реномираниот француски весник Лекип, а вчера очекувано беше прогласен и за Најдобар фудбалер на „Д Бест“ церемонијата во Цирих.

ФИФА утрово ги обелодени гласовите на селекторите и капитените на репрезентациите.

Роналдо добил дури 34,54% од гласовите додека, Лео Меси 26,42% а последниот финалист Антоан Гризман само 7,53%.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски и капитенот на „Црвено-жолтите“, Горан Пандев исто гласале, двајцата го одбрале Кристијано Роналдо пред Лео Меси и Антоан Гризман.

Двата големи ривали, Кристијано Роналдо и Лео Меси решиле да не се дадат признание еден на друг за достигнувања изминативе 12 месеци и израбеле да ги наградат своите соиграчи.

Позначајни гласови:

Кристијано Роналдо (капитенна Португалија): Бејл, Модриќ, Рамос

Лео Меси (капитен на Аргентина): Суарез, Нејмар, Иниеста

Дани Алвес (капитен на Бразил): Меси, Нејмар, Суарез

Хамес Родригез (капитен на Колумбија): Роналдо, Модриќ, Бејл

Диего Годин (капитен на Уругвај): Суарез, Гризман, Иниеста

Вејн Руни (капитен на Англија): Роналдо, Суарез, Варди

Серхио Рамос (капитен на Шпанија): Роналдо, Меси, Иниеста

Џиџи Буфон (капитен на Италија): Меси, Бејл, Роналдо

Хуго Лорис (капитен на Франција): Гризман, Меси, Роналдо

Мануел Нојер (капитен на Германија): Крос, Озил, Левандовски

Лука Модриќ (капитен на Хрватска): Роналдо, Меси, Бејл

Арда Туран (капитен на Турција): Меси, Нејмар, Иниеста