24фудбал

Јувентус го откри новото лого (ФОТО + ВИДЕО)

На свечена церемонија во Торино, претседателот на клубот, Андреа Ањели го откри новото лого на Јувентус кое наиде на поделени реакции.

Италија

Јувентус има ново, необично лого со минималистички дизајн, радикална промена која ги изненади навивачите.

Дизајнот ја истакнува буквата „Ј“, а при неговата креација помогнала и мислата на Џани Ањели: „Секогаш во весниците кога ќе видам збор кој почнува на Ј се возбудувам“


Претседателот на клубот, Андреа Ањели вели дека клубот долго истражувал барајќи го идеалниот дизајн за новото лого.

„Поминавме година истражувајќи што бара пазарот, но во исто време сакајќи да покажаме припадност и поглед кон иднината. Новото лого е симбол на начинот на животот на Јувентус“ - вели претседателот на клубот Андреа Ањели.


Рекциите за новото лого кај навивачите се различни, некои го прифаќаат новиот дизајн, други не се сложуваат со изборот на клубот. Во секој случај новото лого на Јувентус е револуционерно и нетипично, премногу едноставен дизајн за фудбалските клубови.