24фудбал

Нервозниот Михајловиќ го уништи и рекламното пано (ВИДЕО)

Тренерот на Торино, Синиша Михајловиќ беше бесен по синоќешното реми против Милан откако неговиот тим пропушти да ги освои сите три бода.

Италија

Торино водеше со 2-0 по првото полувреме и промаши пенал за 3-0. Во вториот дел Милан успеа да изедначи на 2-2 и да освои бод.

На патот кон соблекувалната српскиот стратег, Синиша Михајловиќ бесот го исфрли врз едно рекламно пано кое успеа да го скине.

„Продолжуваме да губиме бодови. Не ги користиме шансите. Дваесет минути во второто полувреме не постоевме на теренот. Ако вакви шанси не користиме нема ништо од Европа“ - изјави нервозниот Михајловиќ.