24фудбал

Ракитиќ: Се ќе направам за Луис Енрике

Хрватскиот фудбалер, Иван Ракитиќ му е благодарен на Луис Енрике, вели дека би направил се за него, па ако треба ќе се фрли и од мост со што ги демантира наводите дека помеѓу нив има недоразбирања.

Шпанија

Хрватот оваа сезона ужива далеку помалку доверба од Луис Енрике, често се говори дека двајцата не се во најдобар однос и Иван Ракитиќ сака да замине од Барселона.

Се шпекулира дека проблемите настанале по изјавата на Иван Ракитиќ во која играчот го фали Пеп Гвардиола и вели дека сака еден ден да соработува со поранешниот предводник на Барса.

Но во разговор со Франс Фудбал, Иван Ракитиќ сега ја покажа својата лојалност кон тренерот на „Каталонците“.

„Луис Енрике ми помогна многу” – вели репрезентативецот на „Коцкастите“. „Уште од првиот ден ми укажа доверба, и ми овозможи да работам со спокојност”.

„Токму тој побара од Барселона да ме купи. Доколку треба да се фрлам од мост поради него, ќе го сторам тоа без двоумење”.

„Со поглед или со насмевка знае да ви даде самодоверба која ви е потребна за успех”.