24фудбал

Диего Коста се врати на тренинг на Челси

По два дена самостоен тренинг, напаѓачот на Челси, Диего Коста од денеска повторно му се приклучи на тимот.

Англија

Диего Коста влезе во кавга со Антонио Конте поради што беше изоставен од тимот за натпреварот со Лестер кој сините го добија со убедливи 3-0.

Официјалната верзија на неговото изоставување беше дека има повреда на грбот, но англиските медиуми веруваат дека е поради последните недоразбирања.

И покрај одличната сезона, Диего Коста сакаше преселба во Кина, но раководството на клубот не го дозволи тоа.

Челси игра перфектно и убедливо е на првото место, однесувањето на Диего Коста може да ја наруши атмосферата во тимот и љубовта која ја добива од навивачите.

Останува да видиме дали тој ќе биде во комбинација за следниот меч на Челси кој е во недела на домашен терен против Хал.