24фудбал

Манчестер јунајтед има вербален договор со Гризман

Според „Индепендент“, Манчестер јунајтед ги договорил личните услови со Антоан Гризман и подготвен е да ја плати неговата откупна клаузула доколку Атлетико Мадрид не сака да го продаде.

Англија

Веќе подолго време се шпекулира дека Антоан Гризман ќе се пресели во Манчестер јунајтед, се чини дека тоа би можело да се случи идното лето.

Англискиот весник „Индепендент“ тврди дека Манчестер јунајтед веќе постигнал договор со Гризман кој сака преселба на Олд Трафорд.

Биле договорени личните услови, висината на неделната плата, а од клубот му го ветиле и бројот седум. Легендарната седмица во Манчестер јунајтед која сега ја носи Депај.

Доколку Манчестер јунајтед не успее да се договори со Атлетико Мадрид, клубот ќе ја активира откупната клаузула на Гризман која изнесува 100 милиони евра.