24фудбал

Рома конечно најде спонзор за дресот, ама за младинците!

„Римската Волчица“ креираше ситуација која ретко се гледа во светот на фудбалот, младинските категории ќе имаат спонзор на дресовите но ни е првиот тим

Италија

Франческо Тоти и соиграчите три години играат без спонзор на дресовите, и се чинеше дека тоа конечно ќе се промени откако Рома вчера потпиша три годишна соработка со компанијата Линкем.

Логото на телекомуникацискиот оператор ќе се појави на дресовите на „Римската Волчица“, но за жал само но оние од младинските категории.

Од оваа зделка клубот од Рим ќе инкасира околу 2,7 милиони евра годишно, но тоа не е ништо ако во предвид се земе тоа дека се губат десетици милиони евра по сезона бидејќи првиот тим нема спонзор.

Сепак, лидерите на Рома остануваат оптимисти и порачуваат: „Работиме напорно да ги најдеме вистинските партнери.