24фудбал

Голот на Пандев недоволен, Лацио ја елиминираше Џенова (ВИДЕО)

Горан Пандев погоди против „својот“ Лацио, но на крајот тоа не беше доволно, „Бјанкочелестите“ ја елиминираа Џенова од Купот на Италија

Италија

Горан Пандев и Џенова го завршија настапот во Купот на Италија, вечерва Лацио со 4-2 славеше на Олимпико.

Капитенот на Македонија пред крајот на првиот дел погоди против својот поранешен клуб и ја врати Џенова во игра, но тоа не беше доволно за поволен резултат.

Домаќините со головите на Ѓорѓевиќ и Хоед имаа солидна предност од 2-0 по половина час игра, но со погодоците на Пинила и Пандев, на пауза се замина со резултат 2-2.

Сепак, во вториот дел Лацио погоди уште два пати. Милинковиќ Савиќ стрелаше прецизно во 70. минута за 3-2 а Имобиле пет минути подоцна ги постави конечните 4-2.


Lazio vs. Genoa 4-2 - All Goals & Highlights HD... by gashieliesaa