24фудбал

Игуаин: Лацио не ни беше закана, медиумите само ја „пумпаа“ атмосферата

Ѕвездата на Јувентус, Гонзало Игуаин вели дека лесно го победиле Лацио кој во ниту еден момент не се покажал како сериозен противник за шампионот, дека дуелот може да биде неизвесен пишувале само медиумите.

Италија

Јувентус лесно со 2-0 ја доби пресметката со Лацио и тоа со два гола постигнати на почетокот од натпреварот. Во 5. минута погоди Дибала, во 17. реализираше Игуаин.

Јуве во овој меч влезе по поразот од Фиорентина, а Лацио игра одлична сезона и во моментов е четврти во Серија А, па овој дуел важеше за дерби, но на теренот не беше така.

„Лацио не беше ни најмала закана за нас и освоивме три големи бодови“ - вели Игуаиан.

„Единствени кои се сомневаа беа медиумите, тие ја градеа атмосферата. Ние знаевме какви грешки направивме во минатиот натпревар и се поправивме“.

За овој меч Алегри ја смени формацијата, Јувентус настапи со 4-2-3-1, за прв пат во ист состав настапија Игуиан, Дибала и Манџукиќ и експериментот се покажа како успешен.

„Промената беше одлична идеја и треба да работиме напорно околу тоа. Јасно е дека со овој поофанзивен систем треба сите да се враќаме назад и да помагаме на дефанзивата и докажавме дека можеме да играме така“.