24фудбал

Рајан Мејсон кој се бореше за живот е во стабилна состојба

Фудбалерот на Хал, Рајан Мејсон кој се здоби со скршеница на черепот на мечот со Челси, е во стабилна состојба откако врз него била извршена операција.

Англија

Рајан Мејсон се здоби со хорор повреда по еден судир со Гери Кејхил на мечот помеѓу Челси и Хал. Играчот на гостите веднаш беше пренесен во болница, а медиумите јавија дека тој се бори за живот.

Доцна вечерта од Хал стигна потврда дека Мејсон е во стабилна состојба и во наредните неколку дена ќе остане во болница.

„Клубот може да потврди дека Рајан Мејсон се здоби со скршеница на черепот на нашиот дуел со Челси. Тој беше пренесен во болницата Сент Мери каде што беше подложен на операција. Рајан е во стабилна состојба и се очекува да остане во болницата во следните неколку дена. Сите во клубот изразуваат искрена благодарност за брзата грижа која му беше дадена на Рајан од одделот за итни случаи и неврохирургија од болницата Сент Мери. Дополнителни информации ќе имаме во текот на утрешниот ден“ - стои во соопштението на Хал.