24фудбал

Новото засилување на „Старата Дама“: Мислев дека се шегуваат кога ми кажаа дека Јуве ме сака

Младиот дефанзивец, Матија Калдара не можел да поверува дека Јувентус сака да го купи и мислел дека се шегуваат со него

Италија

22 годишниот Италијанец прикажува импресивни партии во дресот на Аталанта оваа сезона, па го привлече вниманието на неколку клубови.

Најбрзо реагираше Јувентус, „Старата Дама“ во јануари го купи Матија Калдара за 15 милиони евра, плус 6 додатни милиони во бонуси, но го остави во Аталанта на позајмица во следните 18 месеци.

Во разговор со Тутоспорт, играчот сега открива дека не можел да поверува дека „Старата Дама“ сака да го купи.

„Кога ми кажаа дека Јувентус ме сака, мислев дека се шегуваат“ - вели Калдара.

„Мислев дека тоа се само гласини“.

„Да се биде едно од најскапите засилувања во јануари, и да се биде дел од позначајните инвестиции во новата ера на Јувентус носи голема одговорност“.

„Ќе мора да покажам дека вредам за парите кои беа вложени“.