24фудбал

Кин: Браќата Погба на мечот си зборуваа повеќе отколку јас со моите браќа за пет години

На легендата на Манчестер јунајтед, Рој Кин не му се допадна однесувањето на Пол и Флорентин Погба за време на мечот од Лига Европа.

Лига Европа

Браќата Погба кои синоќа играа еден против друг беа во центарот на вниманието. Кин не е импресиониран од нивното однесување и воопшто од модерниот фудбал.

„Момчето, Погба, има малку слободен дух, карактер. Но мислам дека ја преминаа границата вечерва, пред мечот и на полувремето“ - вели Погба.

„Вечерва зборуваа повеќе отколку јас со моите браќа (има тројца браќа) во изминатите пет години“. 

„Тоа е страшно, мислам дека кога натпреварот ќе почне, тие треба да бидат фокусирани на играта“.

„Сите работи кои се случуваа пред и по мечот, немаат смисла, но тоа е модерниот фудалер од кој се плашам“.

Манчестер јунајтед со 3-0 го победи Сент Етјен и е на чекор до пласман во осминафиналето од Лига Европа.